Достапни линкови

Литванија - Новиот американски баталјон не е заради Белорусија


Илустрација - Граничниот премин на литванско-белоруската граница Камени Лох, Медининкаи, септември 2020

Министерот за одбрана на Литванија денеска информираше дека новиот баталјон на американски трупи, вклучувајќи тенкови и оклопни возила, ќе биде распореден во Литванија во ноември и ќе остане до средината на јуни 2021 година, јави Ројтерс.

Ова ќе биде замена за претходните сили кои пристигнаа на 4 септември и имаат двомесечен престој во близина на границата со Белорусија.

„Ова воопшто не е поврзано со ситуацијата во Белорусија“, рече министерот за одбрана Раимундас Кароблис пред новинарите.

Американскиот баталјон моментално распореден во Литванија пристигна порано и останува подолго отколку што најави владата пред избувнувањето на протестите во соседна Белорусија, јави Ројтерс.

XS
SM
MD
LG