Достапни линкови

Лидерите на победничките коалиции во Црна Гора на средба за идната влада


Дритан Абазовиќ, Здравко Кривокапиќ и Алекса Бечиќ

Лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е наша нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, ќе се состанат денеска во Подгорица да разговараат за програмата и приоритетите на идната влада, како и за поделбата на одговорностите. На претходните средби не беше детаљно разговарано за поделбата на надлежностите, а засега е веројатно дека Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар, а коалицијата „Мирот е наша нација“ ќе ја добие позицијата претседател на Собранието.

Идното владејачко мнозинство соопшти дека се уште се разговара за квалитативниот и длабински начин на поделба на одговорностите, како и дека учеството на претставниците на малцинските партии е неспорно и дека се смета на нив.

Конститутивната седница на Парламентот на Црна Гора е закажана за в среда, 23 септември.

XS
SM
MD
LG