Достапни линкови

Измените во законите за основно и средно образование на дневен ред во Собранието


Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основно и средно образование, по скратена постапка.

Во образложението на законите за основно и за средно образование, министерката за образование и наука Мила Царовска минатата недела рече дека измените не се од голем обем и сложеност и додаде оти овие законски измени се потребни за безбедно и непречено одвивање на воспитно- образовниот процес во текот на училишната година.

Во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, по скратена постапка. Како вонредни околности, во законите, се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди. Одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на државата или на нејзин дел.

XS
SM
MD
LG