Достапни линкови

САД ги вратија санкциите кон Иран


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Соединетите Американски Држави повторно, еднострано, ги воведоа санкции на ОН против Иран, и покрај противењето на најблиските европски сојузници на Вашингтон и неизвесноста за влијанието на овој потег.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска објави дека се враќаат санкции кон Иран и се закани дека САД ќе преземан акција против сите прекршители.

„Ако земјите-членки на ОН не ги исполнат своите обврски за спроведување на овие санкции, САД се подготвени да наметнат последици за тие пропусти и да обезбедат дека Иран нема да ги искористи придобивките од активностите што се забранети од страна на ОН“, изјави денеска Помпео.

Тој вели дека САД во следните денови ќе објават дополнителни мерки за зајакнување на спроведувањето на санкциите, а прекршителите ќе бидат повикани на одговорност.

Како реакција на овој потег, Иран денеска го повика остатокот од светот да се обедини против „несовесните активности“ на Вашингтон.

„Очекуваме меѓународната заедница и сите земји во светот да застанат против овие непромислени постапки на режимот во Белата куќа и да говорот во еден глас“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Саид Хатибзаде, на прес-конференција во Техеран.

Потегот на САД може да предизвика поголем судир во ОН, каде Вашингтон се наоѓа во се поголема изолација во услови на тензии со Техеран и со другите земји потписнички на Договорот за нуклеарна програма од 2015.

XS
SM
MD
LG