Достапни линкови

Нови 140 заразени со ковид-19, шест починати и 60 оздравени


Во последните 24 часа се регистирани 140 нови случаи на заразени со ковид-19, а направени се 1397 тестирања. Во Скопје се регистрирани 47, во Куманово 18, во Тетово 15, во Прилеп 7, во Кочани 5, во Гевгелија , Струмица и Радовиш по 4, по тројца новозаразени има во Штип, Струга, Велес, Битола, Гостивар, Свети Николе, Берово, по двајца во Кавадарци, Пробиштип, Делчево, Кичево, Ресен, Крива Паланка и по еден во Македонски Брод, Охрид и Крушево.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

XS
SM
MD
LG