Достапни линкови

Во Косово акција против нелегално коцкање и трговија со луѓе, дрога и оружје


Илустрација: Запленето оружје

Косовскиот премиер Авдулах Хоти во врска со синоќешната полициска акција во Косово за сузбивање на нелегалното коцкање и трговијата со луѓе, оружје и наркотици, порача дека тоа претставува „само почеток на враќањето во нормалност во сите области“, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку својата страница на Фејсбук, Хоти порача дека акцијата била доказ дека институциите се целосно способни да го гарантираат редот и безбедноста за граѓаните на Република Косово.

Во синоќешната обемна операција, за која властите тврдат дека е најголема од таков вид во Косово, беа уапсени 33 лица, меѓу кои и 10 полициски службеници, а беше преземена и акција за уривање на десетина нелегални казина во Карачево во општина Каменица.

Основното обвинителство во Гњилане, полицискиот инспекторат и Полицијата на Косово преку соопштение за јавноста информираа дека операцијата е изведена како резултат на речиси едногодишни истражни активности за нелегални дејствија, меѓу кои нелегално коцкање, трговија со луѓе, оружје и наркотици, шверц на стоки и други криминални активности.

Во акцијата се запленети апарати за игри на среќа, разни стоки и други предмети за кои се претпоставува дека се користени во криминални активности.

XS
SM
MD
LG