Достапни линкови

Во Словенија задолжително носење маски и на отворено ако нема дистанца


Словенија.

Во Словенија од денска е задолжително носењето заштитни маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра. Словенечката влада синоќа ја донесе таквата мерка со цел да се сузбие епидемијата на новиот коронавирус.

Носењето заштитни маски во затворен простор е задолжително уште од пролетта.

Словенечката Влада најавува построги мерки за заштита од ковид-19

Досега во училиштата се носеа маски само во заедничките зони, а сега учениците и наставниците од повисоките одделенија ќе мора да носат заштитни маски во текот на целиот престој во училиштата ако не постои можност за физичка дистанца.

XS
SM
MD
LG