Достапни линкови

Во Хрватска во еден ден им е одземен пратеничкиот имунитет на тројца пратеници


Архивска фотографија - Пратеници во хрватскиот Парламент носат маски.

Во Хрватска во еден ден им е одземен пратеничкиот имунитет на тројца пратеници поради аферата Јанаф, за проневера на тендери. Загребскиот суд одреди едномесечен притвор за десет луѓе осoмничени во аферата поради опасност од влијание врз сведоците.

Управа за сузбивање на корупција и криминал (УСКОК) за 10 од 13 осомничени во аферата Јанаф побара притвор поради можно влијание врз сведоците.

Помеѓу осомничените се градоначалниците на Нова Горица и на Нова Градишка, Дражен Баришиќ (ХДЗ) и Винко Гргиќ (СДП). Тие истовремено се и пратеници, па вчера им беше укинат пратеничкиот имунитет откако беа уапсени. Пратеничкиот имунитет одземен му е и на Дарко Пуљашиќ (ХДЗ). Првпат во Хрватска во еден ден им е укинат имунитетот на тројца пратеници.

УСКОК почна истрага против директорот на компанијата Јанаф, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендери. Ковачевиќ е на чело на Јанаф, државна компанија што доставува сурова нафта преку цевководи, од 2012 година. Приведените лица се товарат за фаворизирање на фирми во распределбата на милионски бизниси, додека Ковачевиќ е осомничен и за примање мито.

XS
SM
MD
LG