Достапни линкови

Авганистан и Таџикистан ќе потпишат договор за стратегиско партнерство


Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Авганистан Мухамед Ханеф Армар и таџикистанскиоте министер за надворешни работи Сиројдин Мухрини.

Авганистан планира да потпише договор за стратегиско партнерство со Таџикистан соопшти авганистанското министерство за надворешни работи без при тоа да сподели детали кога и каде ќе биде потпишан документот. Ова соопштение беше објавено по само неколку часа од посетата на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Авганистан Мухамед Ханеф Армар на неговиот таџикистански колега Сиројдин Мухрини во Душанбе.

Теми на разговор на средбата биле снабдувањето со енергија на Авганистан од Таџикистан како и изградба на патишта кои што би помогнале во поврзувањето на Авганистан со Таџикистан и другите земји од Централна Азија.

Таџикистан досега слични стратегиски договори има потпишано со четири земји, Кина, Казахстан, Русија и Узбекистан.

XS
SM
MD
LG