Достапни линкови

Мета: Ќе го распуштам Парламентот ако ме разрешите


Илир Мета

Албанскиот претседател, Илир Мета, го предупреди владејачкото мнозинство, кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти Парламентот“, јави МИА од Тирана.

„Мнозинството се обиде со Претседателот, изгуби 3:0 и покрај потрошените милијарди. Ова е претседател на народот од 2 март. Не е од Социјалистичкото движење за интеграција (чиј лидер беше Мета пред изборот за шеф на државата) и од опозицијата, туку од народот, од кој има се поголема поддршка. Повторно бараат разрешување, пред 25 април (за кога се закажани парламентарните избори). Тука сум, нека се обидат, па ќе видат кој прв ќе биде разрешен“, рече Мета, алудирајќи на распуштање на парламентот што е негово уставно право.

Владејачкото мнозинство веќе неколку месеци е во конфликт со албанскиот претседател, што резултираше и со обид за негово разречување во јули годинава. Обидот беше неуспешен. Владејачките партии го обвинуваат Мета за прекршувања на уставните надлежности, но собраниската Анкетна комисија оцени дека тие се „несериозни“. Несогласувања има и за парламентарните избори.

„Она што го прави мнозинството е негов сопствен избор. Претседателот знае само да го почитува Уставот и се приспособува и ќе се приспособи на секоја ситуација во одбрана на Уставот. Суштината е слободни избори и политички плурализам“, рече денска Мета.

XS
SM
MD
LG