Достапни линкови

Џафери не дојде да сведочи за „27 април“


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска не се појави во својство на сведок на судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017, година односно за упадот и насилствата во Парламентот.

Џафери го известил судот дека поради собраниски обврски, односно прием на делегација, би можел на рочиштето да пристигне околу 12 часот, на што од судот му било одговорено да дојде во својство на сведок на некое од наредните судења, бидејќи за денеска имале голем број сведоци.

Во овој случај, обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок се поранешниот собраниски спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Денеска, на барање на одбраната, во случајот треба да сведочат поранешните пратеници Стојан Миланов, Борис Змејковски, Нада Ципушева, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова.

XS
SM
MD
LG