Достапни линкови

Израел во тринеделен карантин поради ковид-19


Израел пред еврејската сезона на празници

Израел од денеска влегува во тринеделен карантин на национално ниво за да го ограничи ширењето на коронавирусот по напливот на нови случаи. Карантинот кој доаѓа за време на еврејската сезона на празници, Израелците ќе мора да не се оддалечуваат на 500 метри од своите куќи, но можат да патуваат на работни места на кои ќе им биде дозволено да работат ограничено.

Гутереш: Ковид-19 е закана број еден

Училиштата и трговските центри ќе бидат затворени, но супермаркетите и аптеките ќе останат отворени. Јавниот сектор ќе работи со помалку вработени. Затворените собири се ограничени на 10 лица, а не повеќе од 20 лица на отворено. „Знам дека со ваквите мерки сите ќе платиме висока цена“, рече деновиве премиерот Бенјамин Нетанјаху во телевизиското обраќање, оценувајќи: „Ова не е вид на одмор на кој сме навикнати. И, секако, нема да можеме да славиме со пошироките семејства“. Министерството за финансии соопшти дека блокадата ќе ја чини економијата, која западна во рецесија како последица на вирусот, околу 1,88 милијарди долари.

Израелски министер поднесе оставка поради очекуваните мерки за изолација за верските празници

Нетанјаху, кој се соочува со зголемени критики во врска со неговото справување со кризата со коронавирусот, рече дека му дал инструкција на неговиот министер за финансии да излезе со нов економски пакет за да им се помогне на бизнисите погодени од блокадата. Националниот карантин ќе трае до 10 октомври.

XS
SM
MD
LG