Достапни линкови

Итна дебата на Советот за човекови права на ОН за ситуацијата во Белорусија


Свјатлана Циханускаја

Советот за човекови права на ОН се согласи да организира итна дебата за влошената ситуација во Белорусија, по протести за спорниот реизбор на Александар Лукашенко за претседател во минатиот месец. На учесниците на дебатата ќе им се обрати и опозициската лидерка Свјатлана Циханускаја.

Циханускаја: бруталноста на полицијата ги прави Белорусите порешителни

Претседателката на Советот за човекови права на ОН, Елизабет Тичи-Фислбергер од Австрија, најави дека дебатата ќе се одржи денеска, додавајќи дека нејзината канцеларија добива „алармантни извештаи“ за тековната насилна репресија на мирните демонстрации во Белорусија.

Ковид-19 ги влоши човековите права и го запре напредокот во здравството

„Извештаите продолжуваат да укажуваат на непотребна или прекумерна употреба на сила од страна на припадници за спроведување на законот“, изјави деновиве високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Мишел Бачелет на состанокот на Советот во Женева. Таа рече дека имало „ограничени докази“ за какви било чекори од страна на белоруските власти за решавање на извештаите за кршење на човековите права.

XS
SM
MD
LG