Достапни линкови

Словенечката Влада најавува построги мерки за заштита од ковид-19


Човек со маска во Љубљана во март годинава на почетокот на пандемијата

Словенечката Влада, реагирајќи на зголемувањето на случаите со ковид-19, најави дека од овој викенд маските ќе бидат задолжителни на јавни отворени места и дека децата од седмо одделение па нагоре ќе мора да ги носат во училници.

Покрај тоа, мерењето на температурата ќе биде задолжително на работното место, а работното време на баровите ќе биде ограничено, објави агенцијата СТА.

Бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во Словенија е зголемен за 104, на вкупно 4.058, според последните владини податоци.

Ова е мало намалување во споредба со вчерашниот ден, кога бројот на новоинфицирани беше 123. Едно лице починало од коронавирус претходниот ден, така што вкупниот број смртни случаи изнесува 136.

XS
SM
MD
LG