Достапни линкови

Османи и Цакај со порака да не се користи говор на омраза


Средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Бујар Османи и Гент Цакај во Скопје

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Бујар Османи и Гант Цакај по денешната средба во Скопје го коментираа случајот со говор на омраза на неодамнешниот фудбалски натпревар Вардар – Шкупи.

Министерот Османи вели дека Владата го осудила говорот на омраза, но отишла и чекор понапред повикувајќи го Обвинителството да преземе брзи мерки за гонење на сторителите.

„Знаеме дека Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше тие лица и ги повика на разговор“, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во МНР.

Шефот на албанската дипломатија со порака да не се користи говорот на омраза. Вели Албанија секогаш реагирала кога е во прашање националниот идентитет на Албанците.

Цакај денеска е во посета на Македонија.

Стотина навивачи на Вардар, познати како „Комити“ на 13 септември поради мерките против коронавирусот не можеа да присуствуваат на натпреварот против Шкупи на Градскиот стадион во Скопје и навиваа пред јужната трибина, скандирајќи навредливи пароли за Албанците.

XS
SM
MD
LG