Достапни линкови

1674 тестирања, 186 нови корона позитивни и 7 починати


Илустрација

Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, 7 починати и 85 оздравени пациенти.

Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3 и Ресен-1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти. Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43, 60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

XS
SM
MD
LG