Достапни линкови

Гутереш: Ковид-19 е закана број еден


Антонио Гутереш

Антонио Гутереш, Генералниот секретар на Обединетите нации, го нарече коронавирусот глобална закана број еден.

„Вирусот е глобална безбедносна закана број еден во нашиот свет денес“, нагласи тој. Поради оваа причина, додаде Гутереш, апелирам да престанат сите конфликти во светот до крајот на 2020 година.

„Во мојот говор пред Генералното собрание во вторник ќе упатам апел до меѓународната заедница да ги мобилизира сите напори глобалниот прекин на огнот да стане реалност до крајот на годината. Пандемијата на коронавирус излезе од контрола и бројот на нејзините жртви наскоро ќе надмине еден милион. Наскоро, ќе ја поминеме најмрачната пресвртница: еден милион животи загубени од вирусот. Епидемијата е надвор од контрола“, истакна тој.

Според најновите статистички податоци, повеќе од 29.734.100 луѓе во светот се заразиле и пријавени се повеќе од 939.000 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG