Достапни линкови

„Чeленџер“ креира нови локални еко херои


Мобилна апликација „Чeленџер“
Мобилна апликација „Чeленџер“

Новата македонска мобилна апликација „Чeленџер“ беше лансирана вчера. Апликацијата е бесплатна и достапна за сите андроид и иос корисници.

Тим млади ја креираа мобилната апликација „Чeленџер“ со цел да ги наградува корисниците кои пешачат, трчаат и планинарат. Истовремено, апликацијата ја подига свеста за аерозагадувањето и неговото намалување.

Од вчера таа е достапна за сите корисници на паметни телефони и со секој поминат зелен километар се собираат поени, кои потоа може да се искористат како попусти во локални продавници. Апликацијата има и предизвици кои траат неколку дена и со исполнување на предизвиците се добиваат и награди.

„Идејата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалување емисиите на јаглерод диоксид во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. „Чeленџер“ им помага на луѓето преку визуализација на намалени емисии јаглерод диоксид, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговори“, велат од тимот на „Чаленџер“.

Тие очекуваат дека апликацијата ќе помогне на секој нејзин корисник да се придружи во борбата за почист воздух, a притоа и да добие некаква награда или попуст.

XS
SM
MD
LG