Достапни линкови

Светска банка: Учениците во земјава по основно и средно имаат знаење како за 7,3 години учење


Индексот на човечи капитал на Светска банка во земјава во периодот 2010 – 2020 година се зголемил од 0,54 на 0,56, но сепак е понизок споредено со просекот во регионот на Еропа и Централна Азија и земјите со висок среден приход. Според Индексот на човечки капитал, дете родено денес во Северна Македонија ќе достигне 56 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и здравствена заштита, покажува најновиот извештај на Светска банка за Северна Македонија, презентиран денеска

„Дете, кое во Северна Македонија започнува со училиште на четиригодишна возраст се очекува да заврши 11 години предучилишно, основно и средно образование додека да наполни 18 години. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се приспособат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 7,3 години, што значи дека има јаз во учењето од 3,7 години“, се наведува во извештајот на Светска банка.

Индексот на човечки капитал, кој ги мери резултатите од човечкиот капитал низ целиот свет пред пандемијата. Во него за резултатите во здравството во земјава се наведува дека 99 од 100 деца родени во Северна Македонија доживуваат до петгодишна возраст.

„Северна Македонија од 2010 година направи значителни напори во подобрување на резултатите во образованието и здравството, но сѐ уште постојат предизвици. За подобрување на човечкиот капитал, земјата треба да инвестира повеќе во квалитет и рамномерен пристап во образованието“, вели Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава.

XS
SM
MD
LG