Достапни линкови

Ракети кон Израел, воздушни напади врз Газа


Израелската армија соопшти рано на 16 септември започна со воздушни напади во Газа.

Милитантите во Појасот Газа лансираа ракети кон Израел, а израелски авиони бомбардираа цели на палестинската територија, во позадина на потпишувањето на историските договори за нормализација на односите меѓу Израел и две арапски земји од Персискиот Залив.

Израелската армија соопшти дека рано на 16 септември започнала околу 10 воздушни напади во Газа и дека 15 ракети биле лансирани од територијата, која е управувана од милитантната група Хамас, кон израелски заеадници во близина на границата.

На 15 септември, ракета од Газа го погоди крајбрежниот град Ашдод шри што беа повредени двајца луѓе, бидеји Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин потпишаа спогодби со Белата куќа за воспоставување на дипломатски односи.

„Не сум изненаден што палестинските терористи пукаа кон Израел токму за време на оваа историска церемонија“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при заминувањето од Вашингтон.

Хамас на 16 септември го предупреди Израел дека „ќе ја плати цената“ за било каква агресија против Палестинците и дека ќе се соочи со директен одговор.

Палестинците, кои бараат независна држава во окупираниот Западен Брег и Газа, на потпишаните договори со посредство на САД гледаат како предавство.

XS
SM
MD
LG