Достапни линкови

163 нови случаи на Ковид-19, седум починати


Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје.

Вкупно 163 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во Северна Македонија од направени 1.721 тестирања, со што вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 16.088, со 1.870 активни случаи, соопшти денеска министерот за здравтво Венко Филипче.

Во истиот период починати се седум лица, двајца пациенти од Струга, пациент од Кочани, од Струмица, од Скопје, од Битола и еден пациент од Гостивар.

Денеска институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти, со што вкупната бројка на оздравени од Ковид -19 изнесува 13.550. Во земјава од почетокот на здравствената криза починаа 668 лица.

Досега во Северна Македонија се направени вкупно 169.481 тестстирања на Ковид -19, откако беше регистриран првиот случај во февруари оваа година.

Здравствената криза во светот предизвикана од пандемијата на коронавирусот започна во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, од каде заразата се прошири во сите делови на планетата.

XS
SM
MD
LG