Достапни линкови

ДУИ ги превзема ЈПДП, Мепсо, Малмед, тврди вицепремиерот Груби


Вицепремиерот Артан Груби

Вицепремиерот Артан Груби денеска потврди дека ДУИ ќе ги добие раководните позиции во Јавното претпријатие за државни патишта, Македонски електропреносен систем оператор и Агенцијата за лекови и медицински средства.

„Тоа е договор само за размена на одредени позиции, но генерално нема големи промени во имињата. ЈПДП, МЕПСО, МАЛМЕД... тоа се институциите кои ќе ги превземе ДУИ“, изјави денеска Груби.

Вчера вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека се разгледуваат предлози за функционери од т.н. трет ешалон, но не откри ниедно од имињата. Тој рече дека дел од државните институции ќе бидат укинати, а дел ќе бидат споени со други.

„Од секој директор ќе побараме план како ќе раководи, која е неговата визија во следниот четири годишен мандат“, рече вчера вицепремиерот Николовски.

XS
SM
MD
LG