Достапни линкови

Барбадос сака да стане република, ја отфрла британската круна


Гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, во говорот во име на премиерката Миjа Мoтли, рече дека е време Барбадос целосно да го напушти колонијалното минато.

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета од чело на државата и да стане република, соопшти владата на таа карипска држава, пренесе Ројтерс.

Барбадос до 1966 година беше британска колонија, а кога се стекна со независност, ја задржа официјална врска со британската монархија, како и некои други земји кои некогаш биле исто така дел од британската империја.

Гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, во говорот во име на премиерката Миjа Мoтли, рече дека е време Барбадос целосно да го напушти колонијалното минато.

„Жителите на чело на државата сакаат да видат некој од Барбадос. Тоа е краен израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и до 55-годишнината од независноста ќе стане република“, рече гувернерката Мејсон.

XS
SM
MD
LG