Достапни линкови

Шахпаска: Без јаз меѓу ромското и неромското население


Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставниците на ,,Интеграција на Ромите 2020“, Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, вчера разговараа за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството и за проектот Интеграција на Ромите 2020, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Целта на овој проект е намалување на социо-економскиот јаз помеѓу ромската и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција и зајакнување на институционалните обврски на Владите во инкорпорирање и исполнување на специфични цели наменети за интеграција на Ромите во развојните тековни политики.

На средбата биле презентирани и два нови проекти кои ке се имплементираат и ќе бидат финансирани од Интеграција на Ромите 2020 – подготовка на нова Стратегија за Ромите 2021-2030 и трансформација на сивата економија во која се вклучени Ромите во регуларна пазарна економија. Заклучоците се дека соработката продолжува за поголема интеграција на Ромите во развојните тековни политики на Владата, соопшти Министерство за труд и социјална политика.

XS
SM
MD
LG