Достапни линкови

За 24 часа 578 прекршоци за неносење заштитна маска


Илустрација - Луѓе со заштитни маски и полиција во Градски парк во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 578 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Казната за неносење лична заштита за лице во затворени јавни површини, согласно мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, изнесува 20 евра. Од воведувањето на мерката, во Северна Македонија секој ден се регистрираат по неколку стотини прекршувања на таа мерка.

МВР и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.

XS
SM
MD
LG