Настаните на денот низ фотографии - 15 септември 2020 година.
Трамп, Навални, Груевски, Коцевски...

1
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА / УНГАРИЈА - Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија. Барање за екстрадиција ќе биде испратено и до Унгарија за поранешниот премиер Никола Груевски кој е таму како азилант, информираше денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на брифинг со новинарите.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

3
САД - Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека Соединетите држави ќе одговорат илјада пати посилно на секој напад од Иран. Секој напад на Иран врз САД, во која било форма, ќе биде проследен со илјада пати посилен напад врз Иран, напиша Трамп на Твитер.

4
БЕЛОРУСИЈА - Свјатлана Цихануаскаја, екс претседателска кандидатка, којa стана лидер на белоруската опозиција, вели дека тактиката на заплашување на авторитарниот лидер Aлександар Лукашенко само ја зацврстува решителноста на десетиците илјади луѓе кои протестираат.