Достапни линкови

Пендаровски: Не ни дозволувајте релаксиран мандат


Архивска фотографија - Претседателот на Република Северна македонија, Стево Пендаровски

Сакам да порачам, особено на помладите, дека со апстинирање од избори нема да ги избегнете ефектите од лошото владеење, политиката, лоша или добра, секако ќе влијае врз вашите животи. Затоа е подобро да гласате, во спротивно, некој друг ќе решава и во ваше име. Меѓутоа, не помалку битно е да бидете гласни и активни и помеѓу изборите. Затоа мојата последна, се разбира, не и најмалку важна порака до граѓаните би била – не ни дозволувајте релаксиран мандат.

Ова денеска, меѓу другото, го истакна претседателот на државата, Стево Пендаровски, во неговата порака по повод 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата.

„Од секогаш сум бил убеден дека сите ние, политичарите, треба да се плашиме од граѓанскиот активизам. Ние мораме да го слушаме и да го почитуваме граѓанскиот глас кој и не донел на ваква позиција, извесен временски период да одлучуваме за другите“, рече Пендаровски.

XS
SM
MD
LG