Достапни линкови

Од денеска повторно редовно пријавување на невработените


Архивска фотографија - Агенција за вработување Скопје

Сите невработени лица од денеска, 15 септември 2020 година, продолжуваат со редовното пријавување на секои 30 дена, за активните баратели на работа, односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа, информираше денеска Агенцијата за вработување.

Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.09.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци, соопшти Агенцијата.

„Сите невработени лица кои се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното приојавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран. Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број и кои немаат добиено смс порака, потребно е да се пријават во наредните 30 дена. Воедно напоменуваме дека при пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица“, стои во известувањето од Агенцијата.

XS
SM
MD
LG