Достапни линкови

Почина писателот и хроничар Данило Коцевски


Данило Коцевски

По кратко боледување почина писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски. Погребот се одржа денеска на Градските гробишта Бутел во присуство на семејството.

Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, а работел и како универзитетски професор по новинарство.

Има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени. Познат е и како хроничар на градот Скопје.

Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии.

XS
SM
MD
LG