Достапни линкови

Трамп: САД ќе одговорат илјада пати посилно на секој напад од Иран


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп предупреди дека Соединетите држави ќе одговорат „илјада пати посилно“ на секој напад од Иран. „Секој напад на Иран врз САД, во која било форма, ќе биде проследен со илјада пати посилен напад врз Иран“, напиша Трамп на Твитер. Објавувањето уследи по извештаите на медиумите за наводните планови на Техеран за убиство на американски дипломат.

Нови гранични тензии - Иран запленил брод на ОАЕ

Повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, веб-страницата „Политико“ објави дека разузнавачките служби сметаат дека иранската влада размислува да се обиде да ја убие американската амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, блиска соработничка на Трамп.

XS
SM
MD
LG