Достапни линкови

Во Белата куќа потпишување на договорот меѓу Израел и ОАЕ


илустрација

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска во Белата куќа треба да потпишат договор за нормализација на односите. Двете држави на 13 август се согласија да воспостават целосни дипломатски односи, потег што беше поздравен како историски чекор што ќе го унапреди мирот на Блискиот Исток. Со договорот, на кој посредуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, ОАЕ станува првата земја од Персискиот Залив која воспоставува целосни дипломатски односи и само трета арапска земја која има активни дипломатски односи со Израел.

Договорот на ОАЕ и Израел за Иран е нож в грб за муслиманите

Неколку муслимански држави, меѓу кои и Турција и Иран, остро го критикуваа договорот. Делегациите од двете држави најверојатно ќе ги предводат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Емиратите, Мохамед бин Зајад, наведуваат новинските агенции повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Норвешки пратеник го номинирал Трамп за Нобелова награда за мир

На церемонијата ќе присуствува и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто ќе присуствува на покана на американскиот претседател Доналд Трамп и ќе биде единствениот министер на Европската унија на церемонијата во Белата куќа. Големите европски сили како Франција и Велика Британија го поздравија договорот, а извршната власт на Европската унија рече дека тоа е добро за регионалната стабилност.

XS
SM
MD
LG