Достапни линкови

Усвоена одлуката за изборот на собраниските тела


Собрание на Република Северна Македонија

Со 98 гласови за, четири воздржани и ниту еден глас против, пратениците денеска ја усвоија одлуката за изборот на составот на работните тела на Парламентот, предлог кој е усогласен со координаторите на сите пратенички групи.

И покрај тоа што дневниот ред за седницата беше усвоен, во расправата по оваа точка пратениците од опозицијата повторно посочија дека се крши процедурата и оти се гласа за персонален состав пред Собранието претходно на парламентарна седница да донесе одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите.

Тие истакнаа дека ваква одлука Собранието требало да донесе, бидејќи, како што посочија некои од комисиите би можеле да претрпат измена на број на членови или опфат и делокруг на работа, како на пример комисијата за здравство која би можело да има поголем број членови со оглед на ситуацијата со пандемијата.

XS
SM
MD
LG