Достапни линкови

Заев: Утре-задутре ќе ги имам имињата на замениците-министри


Архивска фотографија - Премиерот Зоран Заев на седница на Владата

Јас сум подготвен утре-задутре да ги доставам имињата на предлозите за заменици министри до Собранието, а Собранието веројатно по 20 септември ќе го стави на дневен ред нивниот избор, изјави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на Куманово, на новинарско прашање до каде е именувањето на замениците министри во неговата Влада.

Премиерот рече дека не може сега да ги каже имињата на кандидатите за заменици, затоа што со коалициските партнери се уште не ги утврдил сите кандидати.

„Се уште правам интервјуа со кандидатите, разговарам со нив како потенцијални заменици министри. Верувам дека ќе завршам до утре, за да можам да им ги соопштам на јавноста и да ги доставам до Парламентот“, изјави премиерот Заев.

Според него, услов за избор на замениците министри е Собранието да ги оформи своите помошни тела за да може да функционира, како и да се верификува мандатот на новата пратеничка која ќе го заземе местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

XS
SM
MD
LG