Достапни линкови

464 тестирани, 37 нови случаи на Ковид-19 и четворица починати


Илустрација - Лабораторија, тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, четворица починати и 131 оздравен пациент.

Новозаразените се регистрирани во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8 и во Неготино-1.

„Починати се 4 лица, пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во болнички, а еден вон болнички услови“, соопшти денеска МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.

XS
SM
MD
LG