Достапни линкови

Почнува седница на Европскиот парламент


Сесија на Европскиот парламент

Сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска и ќе трае до 17 септември наместо во Стразбур ќе се одржи во Брисел поради прекумерен ризик поради пандемијата на коронавирусот, објави деновиве претседателот на ЕП, Давид Сасоли. Сесијата на ЕП требаше да биде прва во Стразбур од почетокот на пандемијата во Европа и изолационите мерки што беа воведени во целата ЕУ во средината на март.

Пицула е новиот известувач на ЕП за односите со САД

Според европските договори, седиштето на ЕП е во Стразбур, каде што во годината се одржуваат 12 пленарни сесии од три и пол дена. Пратениците остатокот од времето работат во Брисел. Критичарите имаат забелешки на финансиските и еколошките трошоци за околу 2.500 луѓе и фактот дека големиот комплекс во Стразбур се користи само четири дена во месецот. Од почетокот на пандемијата во март, седниците се одржуваат главно преку видео конференции со намалено присуство на пратеници и нивните тимови. Последната сесија на ЕП во Стразбур беше одржана од 10 до 13 февруари.

XS
SM
MD
LG