Достапни линкови

Парламентарна седница за собраниските тела


Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери на петочниот брифинг за новинарите најави дека за денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Собранието почнува тргни-застани

Џафери додаде дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии. Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

XS
SM
MD
LG