Достапни линкови

Десетици илјади луѓе на протестите против Лукашенко во Минск


Белорусите продолжуваат да маршираат против Лукашенко
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00

Белорусите продолжуваат да маршираат против Лукашенко

Десетици илјади граѓани на Белорусија се собраа во центарот на Минск на опозицискиот „Марш на хероите“ чија цел е да се изврши притисок врз режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој на неколкунеделните протести одговори со илјадници апсења, претепувања и застрашувања.

Министерството за внатрешни работи, во моментот кога илјадници демонстранти почнаа да се собираат, соопшти дека веќе привело „околу 250 луѓе“ поради кривични дела како истакнување на забранетото црвено-бело знаме поврзано со опозицијата и поради транспаренти кои се оценети како „навредливи“.

Министерството соопшти дека го зголемило бројот на полицајци со Минск за да спречат, како што беше наведено, „незаконити активности“.

Во пресрет на денешниот протест, граѓаните пријавија проблеми со интернетот.

Белоруските власти со апсењата се обидуваат да ги задушат масовните протести поради реизборот на авторитарниот претседател Александар Лукашенко на изборите во август.

Протестите траат повеќе од еден месец. Тие почнаа по изборите на 8 август, на кои, според официјалните резултати, Лукашенко оствари право на шести мандат, освојувајќи над 80 отсто од гласовите.

Демонстрантите не ги признаваат резултатите од изборите, оценувајќи дека биле украдени. Опозицијата сега бара нови избори, како и ослободување на политичките затвореници и независна истрага во врска со полициското насилство врз демонстрантите по изборите.

XS
SM
MD
LG