Достапни линкови

Локални избори во Русија


Во 41 регион во Русија денеска се спроведуваат локални избори. На изборите се гледа како на клучен тест за сè понепопуларната владејачка партија Единствена Русија пред парламентарните избори следната година.

Во 18 од 41 регион се бираат гувернери, во 11 ќе се изберат регионални законодавни тела, 22 градови гласаат за општинските законодавни тела. Покрај тоа се одржуваат и избори за четири места кои се испразнети во рускиот парламент - Државната дума.

Околу 35 милиони гласачи, што е околу една третина од вкупниот број на граѓани, имаат право да гласаат. На гласањето не се поканети набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Тие не беа поканети ниту на неодамнешниот референдум за уставни промени на кој му се дозволи на претседател Владимир Путин да остане на функцијата уште два мандата.

Поради пандемијата на ковид-19 и за да се ограничи ширењето на коронавирусот, на 11 и 12 септември се одржа дводневно предвремено гласање. Сепак, критичарите на Путин тврдат дека тоа е дел од обидот за фалсификување на резултатите во корист на владејачката партија Единствена Русија.

Во многу региони, предизборната кампања се одликуваше со дисквалификација на кандидат што не е од партијата Единствена Русија, напади врз опозициски кандидати и нивните тимови и уништување на предизборните материјали.

На референдумот во Русија 78 насто гласале за уставните измени

Рејтингот на популарноста на Путин опаѓа веќе неколку месеци, особено по обидот на Кремљ на почетокот на оваа година да го смени уставот со цел да се овозможи Путин да остане на власт до 2036 година. Владејачката партија Единствена Русија е уште понепопуларна. Само 31 процент од Русите изразиле подготвеност да гласаат за партијата, покажува истражувањето на независната агенција за испитување Центарот „Левада“ објавено на 7 септември.

XS
SM
MD
LG