Достапни линкови

Запленети 250 пиштоли од симпатизер на екстремната десница во Германија


Илустрација

Германската полиција соопшти дека денеска запленила околу 250 парчиња огнено оружје и неколку илјади куршуми од човек за кого се верува дека е симпатизер на екстремната десница. Полицијата во северозападната држава Долна Саксонија соопшти дека оружјето биле пронајдено во синоќешниот претрес во област јужно од Хамбург.

Не се наведени детали зошто човекот поседувал толку оружје.

Насилствата на крајната десница предизвикува сè поголема загриженост во Германија во последните години.

XS
SM
MD
LG