Достапни линкови

Стартуваа мировните разговори за Авганистан


Авганистанската делагација на пат кон Катар за да учествуваат на мировните прегоори.

Деветнаесет години откако терористичките напади на 11 септември во Соединетите Држави доведоа до крвав конфликт што го опустоши Авганистан и уби десетици илјади луѓе, во тек се разговори со кои треба да се воспоставување мир во земјата.

Претставници на авганистанската влада, на талибанците и американски официјални лица во главниот град на Катар, Доха, денеска започнаа преговори.

Министерот за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман рече дека долгогодишните завојувани страни мора да донесат одлучувачката одлука во согласност со сегашните предизвици и да се искачат над секоја форма на поделба, со тоа што ќе постигнат договор со кој нема да има победник и победен.

Помпео - Авганистанските преговори единствен пат до мир

Поранешниот авганистански министер, кој сега го предводи тимот на авганистанската влада во преговорите Абдула Абдула вели дека историјата ќе го памети овој ден како крај на војната и страдањата на авганистанскиот народ.

Зборувајќи на церемонијата за почеток на преговорите, американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека почетокот на разговорите е „значајна пригода“. Вашингтон помогна во посредување на мировните разговори во Катар, каде талибанците имаат претставништво.

XS
SM
MD
LG