Достапни линкови

Десет загинати и над 400 повредени на протести во Колумбија


Илустративна фотографија - главниот град на Колумбија, Богота.

Во дводневни протести во Колумбија, кои започнаа поради смрт на маж во полициски притвор, загинаа десет луѓе, а повеќе од 400 се повредени, соопштија денес властите во земјата.

Насилството кое ја потресе Богота по смртта Хавиер Ордонез продолжи и во текот на втората ноќ помали протести и судири со полицијата.

Министерството за одбрана соопшти дека загинале десет луѓе, додека 209 цивили и 194 полициајци се повредени. Десетици градски автобуси се уништени, вклучително и 13 запалени. За време на немирите оштетени се и голем број на полициски станици.

Министерот за одбрана Карлос Холмс Трухијо упати извинување во име на полицијата за било какви незаконски работи направени за време на притворањето на Ордонез.

Тој рече дека ќе има дисциплинско сослушување за да се утврди дали полициајците го направиле убиството и ја злоупотребиле положбата. Главното обвинитеслтво ќе утврди дали ќе биде поднесена кривична пријава.

Седум полицајци се суспендирани за време на истрагата.

„Националната полиција бара простување“, рече Холмс.

Протестите во Колумбија започнаа откако на социјалните мрежи беше споделено видео на кое е прикажано како полициски службеници повеќе пати употребуваат електрошокови врз 46-годишниот Хавиер Ордонез – татко на две деца, кој подоцна починал во болница.

XS
SM
MD
LG