Достапни линкови

Помпео - Авганистанските преговори единствен пат до мир


Државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека претстојните авганистански мировни разговори најверојатно ќе бидат „спорни“, но дека се тие единствениот пат напред ако Авганистанците најдат мир по повеќедецениски конфликт.

Помпео ги даде коментарите на 11 септември додека патуваше за Катар, каде преговорите меѓу Талибанците и Авганистанската влада треба да започнат на 12 септември.

Преговорите беа поставени со потпишување на мировен договор во Доха на 29 февруари со Талибанците со посредство на Вашингтон, со цел ставање крај на војната и повлекување на американските трупи.

Претседателот Доналд Трамп пред претседателските избори во 2016 година даде ветување за повлекување на трупите на САД од Авганистан. Во одбројувањето до следните претседателски избори во ноември, Вашингтон го зголеми притисокот за започнување на внатрешни преговори во Авганистан.

XS
SM
MD
LG