Достапни линкови

ЕУ ќе прифати 400 малолетни мигранти од Лезбос


Грција - Жена држи дете додека бегалците и мигрантите бегаат од пожар во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос. 09.09.2020.

Десет земји на Европската унија ќе прифатат околу 400 малолетни мигранти без придружба, кои се евакуирани од грчкиот остров Лезбос поради пожарот во бегалскиот камп Мориа, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Тој рече дека Германија и Франција ќе ги примат повеќето, односно секоја земја помеѓу 100 и 150 деца мигранти.

На видео прес-конференција со европскиот комесар за миграција Маргаритис Шинас, Зехофер додаде дека се во тек разговори и со други земји за прифаќање на малолетни мигранти.

Шинас истакна дека Мориа е потсетник за сите членки на ЕУ за она што мора да се промени во Европа.

„Потребна ни е солидарност во миграциската политика“ на ЕУ, додаде комесарот Шинас.

Европската комисија минатава среда најави дека ќе преземе одговорност за итно префрлање на 400 деца и адолесценти од бегалскиот камп на островот Лезбос.

Скоро 13.000 луѓе живееја во кампот на Лезбос кои беше во потполност уништен во два пожари во текот на оваа недела.

Недалеку од рушевините на кампот, локално население го блокираа патот за да ги спречат хуманитарните организации да достават помош и се противеа мигрантите да постават шатори, пренесе Би-Би-Си.

По посетата на Мориа, Шинас изјави дека уништената локација ќе биде заменета со модерен комплекс на истото место.

Грчката Влада испрати тим на Лезбос во обид да се пронајде решение за сместување на мигрантите и бегалците, но жителите на островот се противат на отворање нов камп.

XS
SM
MD
LG