Достапни линкови

1.542 тестирања, 142 нови случаи на Ковид-19 и 5 починати


Илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19, петмина починати пациенти и 98 оздравени.

Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-37, Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравени пациенти. Починати се 5 лица - пациент од Гостивар (69), од Прилеп (84), од Охрид (84), од Македонски Брод (46) и пациент од Штип (58)“, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.

XS
SM
MD
LG