Достапни линкови

Пожарот во пристаништето во Бејрут под контрола


Фотографија од пожарот во бејрутското пристаниште

Пожарот што вчера избувна во пристаништето во Бејрут денеска е ставен под контрола, а во него нема повредени, пренесе АП.

Пожарот избувна пет недели по катастрофалната експлозија во магацин со амониум нитрат, во кој животот го загубија 192 лица. Ова е втор пожар неделава во пристаништето Бејрут, поради што властите наредија отстранување на сите опасни материјали од либанските пристаништа и од тамошниот аеродром, за во иднина да се избегнат инциденти од ваков вид.

Засега не се познати причините за новиот пожар, поради кој Бејрут беше покриен со темен чад и отровни испарувања, а американските меидуми наведуваат дека либанската воена полиција веќе почна отвори истрага за случајот.

XS
SM
MD
LG