Достапни линкови

Пожарите во Калифорнија беснеат, најмалку 10 жртви


Илустрација - Фотографија од пожар покрај автопатот 168 во Калифорнија

Најмалку десет лица загинаа во пожарите во Калифорнија, а 16 лица сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Северна Калифорнија, пренесе АП. Полицијата во округот Буте пронајде седум тела, а три пронајде еден ден претходно.

Се стравува дека повеќе тела ќе бидат пронајдени кога спасувачките екипи ќе ги пребаруваат разурнатите области, со помош на тим антрополози од Универзитетот во Чикаго.

Пожарите во тој дел на Калифорнија траат веќе една недела, а досега се совладани околу 50 проценти од оние што се проширија на Сиера Невада, уништувајќи го поголемиот дел од градот Бери Крик. Во пожарите изгореа 2.000 домаќинства и други згради.

Поради огнот и чадот од големите пожари, завчера (9 септември 2020), небото над Сан Франциско беше портокалово. Видеото од Сан Франциско погледнете го подолу:

XS
SM
MD
LG