Достапни линкови

Одбележувањето на 11/9 и во чест на медицинските сестри


Амбасадорката Кејт Мери Брнс

Медицинските сестри оваа година се во фокусот на одбележувањето на 19 годишнината од трагичните настани на 11 септември во САД, во кои животот го загубија над три илјади лица, трагичен настан познат и како 9/11. Со тоа, како што, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс им се оддава почит на медицинските сестри, кои во 2020 година храбро се справуваат со пандемијата од Ковид-19.

Амбасадорката Брнз денеска даруваше крв, во рамки на заедничката иницијатива на Црвениот крст на град Скопје и Амбасадата на САД, а во соработка со Инстиутот за трансфузилогија, за дарување крв и донација на храна, која традиционално се одржува веќе 12 години.

„Овој ден го посветуваме на медицинските сестри, за нивната служба во 2020 година. Тие играат клучна улога не само во терористички напади, во воени и кризни подрачја, подрачја погодени од природни непогоди, туку пред се оваа година и во справувањето со пандемијата со Ковид-19. Тие прават многу повеќе од пружање на медицинска помош, тие се вклучени во сите институции и медицински установи, обезбедувајќи безбедни протоколи, образование и скрининг, мониторинг и следење на текот на болеста“, истакна Брнс.

На денешен ден во 2001 година членови на Ал Каеда киднапираа четири американски авиони и извршија истовремен напад врз неколку цели во САД. Два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како „Кулите близначки”. Третиот авион се урна во зградата на Пентагон, крај Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија, откако патниците им се спротивставиле на киднаперите. Тој ден вкупно починаа 2.983 лица. Американците традиционално ја одбележуваат годишнината од нападот со читање на имињата на загинатите и оддавање почит со светлење на местото каде што беа уништени „Кулите близначки”.

XS
SM
MD
LG