Достапни линкови

За 24 часа 504 прекршоци за неносење маска за лице


Илустрација - Граѓанин со заштитна маска за лице

Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово соопшти дека во текот на изминатите 24 часа полицијата регистрирала 504 прекршоци за неносење на заштитна маска на територијата на целата држава.

Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид -19.

Казната за неносење лична заштита за лице на јавни затворени места изнесува 20 евра.

XS
SM
MD
LG