Достапни линкови

Бесими - ЕБОР: Да се искористи помошта за јакнење на економијата


Директорот на ЕБОР надлежен за Северна Македонија, Анди Аранитаси, и Фатимир Бесими, министер за финансии во Владата на Северна Македонија

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вчера имаше средба со директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), надлежен за Република Северна Македонија, Анди Аранитаси на која беше разгледана меѓусебната соработка што Министерство за финансии и ЕБОР ја имаат во изминатите години, изразена преку тековните и идните проекти, со поддршка од Европската банка за обнова и развој, а чијашто реализација ќе има влијание врз растот на економијата, соопшти денеска македонското Министерство за финансии.

Во моментов најголема поддршка се дава за реализација на проекти во транспортниот сектор, односно патната и железничката инфраструктура и авиотранспортот, како и во делот на енергетската инфраструктура. На средбата, министерот Бесими истакна дека во овој период од клучно значење е брзо решавање на состојбите со коишто се соочуваат ресорните институции во чијашто надлежност е реализацијата на проектите, со што би се овозможило придвижување на економијата.

XS
SM
MD
LG