Достапни линкови

Серија експлозии во Јордан каде се сместени воени бази на САД


Илустрација - Американски војници на вежба во Јордан

Јордански власти соопштија дека денеска пред зората серија силни експлозии го потресле градот Зарка, најверојатно, како последица на електричен краток спој во армиски магацини за муниција во близина на градот. Засега нема извештаи за жртви од експлозиите што се случија во пустината источно од вториот по големина град во Јордан, соопштија владата и армиската команда, пренесе новинската агенција Ројтерс.

Во пустинската област каде се случија експлозиите се сместени неколку големи американски армиски бази, вклучително и аеродром изграден во 2018 година. Локацијата на Јордан го прави идеален центар за логистика и снабдување на американските трупи, вклучително и за гарнизонот на американската војска во Танф во југоисточна Сирија.

Огромен портокалов пламен го осветлуваше пустинското ноќно небо и можеше да се види дури до престолнината Аман, 35 километри на југо-запад.

"Се чувствувавме како да има земјотрес. Нашите прозорци се тресеа и се искршија стаклата. Моите деца почнаа да плачат", изјави жителката на Зарка, Набила Иса, домаќинка и мајка на пет деца.

Безбедносните сили ја затворија Зарка, индустриски град со 1,5 милиони жители, и не дозволуваат сообраќај за влез или излез од градот. Не е дозволен ниту влез за новинарските екипи.

XS
SM
MD
LG